Халикоптери од рано утрово кружат над Скопје, каде денеска со полагање цвеќе на гробот на великанот на македонската револуционерна борба во црквата „Свети Спас“ во Скопје од страна на делегации на државните институции, партии и граѓански здруженија денеска ќе биде одбележана 151-та годишнина од неговото раѓање.

Според најавите, почит пред гробот на Гоце Делчев ќе оддадат претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав ќе бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и делегација на Собранието, предводена од собранискиот потпретседател Горан Мисовски, придружуван од пратениците Снежана Калеска-Ванчева и Љупчо Пренџов.

МВР на Бугарија најави дека цвеќе на гробот на Гоце Делчев во Скопје ќе положат и бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов.

Во пресрет на чествувањето на годишнината, кое е оквалификувано како настан од висок ризик, засилено е полициското обезбедување околу „Свети Спас“, при што полицијата ги контролира пристапите до црквата. Полициски сили се распоредени во поширокиот реон околу црквата „Свети Спас“ и по целата должина на улиците кои водат до неа. Пристап имаат само лица со дозволи.

Според најавите, почит на великанот на македонската револуционерна борба ќе оддадат претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј сост

Уште од четвртокот од 18 часот за сообраќај е затворена улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Иљо Војвода“ до крстосницата со улица „Прохор Пчински“, а денеска посебен режим ќе биде воведен и на улицата „Лазар Личеноски“.

Вчеравечер без никакво образложение на новинарите и на фоторепортерот на „Република“ и „Пресинг“ не им беше дозволен пристап на одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев, а одбиени биле барањата и на други „непогодни“ медиуми за владата.

Владините портпароли Душко Арсовски и Мухамед Хоџа, не одговараат на нашите повици, ниту пак на нашите пораки. Испративме барање за образложение на адресата на портпаролот на Владата, но и на нивните меил адреси. Засега одговор нема.

 

Полицијата вчера не им дозволи пристап до гробот на Гоце Делчев ни на граѓаните кои самоораганизирано од плоштадот Македонија дојдоа до скопското Кале за да му оддадат почит на великанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.