Бидејќи и по еден ден од портпаролот на Владата Душко Арсовски не најде време да одговори на нашето писмо испратено по електронска пошта, принудени сме комуникацијата да ја водиме јавно.

Револтирни сме од начинот на кој обвинувате и оквалификувате новинари на официјални твитер профили на Владата, во случајот Портпарол на @VladaMK. Поконкретно се однесува на статусот подолу, во кој на крај имате додадено линк на кој се појавува текст од Република ознаен како FAKE од страна на директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Издвоени поединци, изложени на лична деградација, со комплетна лажна вест. Токму на ваквите хајки предупредувавме.

Ова не е новинарско истражување, ова е злонамерен линч од страна на политички актер во општеството.

СТОП на хајките! 🛑

Ова е насловот на текстот во Република и линкот до него:

Во интерес на транспарентноста и вистината, ве повикуваме да одговорите точно кој збор, реченица или прашање во нашиот текст е лага:

-Информатичарот Дејан Смилевски кој се најде на листата хонорарци на Владата, изгледа има многу среќа или УЈП плаќа дел од хонорарите плус? Дали ова е прашањето што го сметате за лажно?

-Имено извесен Дејан Смилевски во февруари минатата година е еден од добитниците на 100.000 денари од наградната игра Мој ДДВ-Моја награда. Дали ова е реченицата  ја сметате за лажна?

-Оваа година повторно Дејан Смилевски е актуелен, бидејќи се најде на листата платени владини хонорараци за Компјутерска апликација за сервис, одржување и конфигурација на информатички системи за потребите на Генералниот секретарјат на Владата на Република Македонија. Дали ова е реченицата што ја сметате за лажна?

-Хонорарот му е 30.000 денари. Дали ова е реченицата што ја сметате за лажна?

-Дали се работи за истото лице? Дали ова е прашањето што го сметате за лажно?

Потоа, ве молиме да одговорите за каква хајка говорите во делот од вашиот статус: Ова не е новинарско истражување, ова е злонамерен линч од страна на политички актер во општеството.  СТОП на хајките!   

Зошто ви пречи јавно поставено пршање дали личноста која до пред три дена беше таен хонорарец е истата личност што добила награда во нагрдната игра Мој ДДВ? Вие сте должни да дадете одговор на јавноста, а не нас да не оквалификувате, да не линчувате и навредувате. Извртување на вистината не е одговорот кој јавноста преку медиумите го бара. Сметаме дека Владата не смее да си дозволи да квалификува и медиуми и новинари. Ако сметате дека тоа што сме го напишале не е точно, испратете демант, а ние ќе го објавиме, како што секогаш сме го објавувале.

Се чини, нападот на официјалниот профил на Портпаролот на Твитер е резултат на немањето аргументи за демант.

Очекуваме одговори на горепоставените прашања. Воедно бараме од вас да прекинете со овој линч врз одредени медиуми, обвинувајќи ги дека тие водат некаква хајка против вас. Доколку не се извините, на истото место каде што бевме лажно обвинети – на вашиот твитер профил, којшто е гореспоменат, ќе бидеме принудени да поведеме постапка против вас.  Законите ги знаете, нема потреба да ги посочуваме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.