Урсула / Розе Ладсон и падот на Бастилија!

Денот кога е освоена злогласната тврдина-затвор Бастилија, 14 јули е прогласен за национален празник на Франција. Тогаш народот востана против власта – кралот, аристократијата, неправдата, за слобода и еднаковост. За да биде иронијата поголема, 233 години по овој настан во македонското народно собрание, доаѓа Урсула фон дер Лејен алијас Розе Ладсон (Rose Ladson) – претседателка европска, да ја охрабрува в л а с т а против н а р о д о т. За неа е разбирливо, со трговско-колонизаторска култура и семејство блиско на кралскиот двор, да брани ненародна власт! Но, да се труди околу нашиве лумпен-парламентарци со „државничка“ аура, срамна работа е! Тоа се неморални чудовишта, никаквеци со плитка општествена идеја и грдосија, извитоперени карикатури. И да потстрекнуваш класа на вакви политичари, небаре од Бога поставени, а не од народот – кои владеат и одлучуваат „транзиционо“ за сè во македонското општество, значи премногу феудално. Па затоа и падна Бастилија!, пишува професорката Наташа Котлар на социјалните мрежи.

Францускиот предлог е гилотина за македонскиот народ! Тој пак, со антифашистичката борба го овозможи постоењето на ова Собрание во кое имавте можност и да се обратите, нудејќи му понижување, негација и асимилација под плаштот на компромис и (не)европски вредности. Каков парадок! Заборави ли, Ти Урсула на твоите зборови „слобода, радост на животот, внатрешна слобода“, од твојот лондонски период во животот? И ние Македонците сакаме да сме свои на своето, со национално достоинство, сувереност и интегритет! Македонската историја, јазик и душа нема потреба некој да ни ги признава – тоа едноставно постои и толку, се’ друго е лицемено и препредено! Не сакаме ултуматум и притисок, заради негирање и асимилација од Бугарија, алијас Европа (ЕУ)! Сакаме слобода, спокој, достоинство, а многу повеќе од други, ние Македонците, го заслужуваме ова!

П.С. Аман Мери Кејт Брнз немој повеќе да не’ браниш!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.