Наставниците имаат право да бараат повисоки плати, но тоа да не биде на грбот на учениците кои и онака со пандемијата изгубија многу часови, туку да се изнајдат нови начини за штрајкување, рече претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани.

Ова е чудна ситуација помеѓу чеканот и наковалната. Сакам да ги поддржам наставниците во нивните законски права за обезбедување на поголеми плати, но тоа никако не може да биде врз грбот на учениците кои и така со пандемијата и другите случувања во блиското минато изгубија многу часови. Апелирам до сите засегнати страни да изнајдат алтернативни начини за да штрајкуваат зашто децата изгубија многу и навистина е многу лошо децата да станат жртви на ова што се случува сега. УНИЦЕФ нема да коментира поподробно, но би повикала на наоѓање поиновативни начини за штрајкување на просветните работници- рече Ди Џовани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.