Преставничката на УНИЦЕФ во Македонија Патриција Ди Џовани денеска побара од наставниците кои штрајкуваат во основното и средното образование да најдат нов начин на штрајкување во кој учениците нема да бидат оштетени. Според неа, наставниците имаат право да бараат повисоки плати, но тоа да не биде на грбот на учениците кои и онака со пандемијата изгубија многу часови.

Ова е чудна ситуација помеѓу чеканот и наковалната. Сакам да ги поддржам наставниците во нивните законски права за обезбедување на поголеми плати, но тоа никако не може да биде врз грбот на учениците кои и така со пандемијата и другите случувања во блиското минато изгубија многу часови. Апелирам до сите засегнати страни да изнајдат алтернативни начини за да штрајкуваат зашто децата изгубија многу и навистина е многу лошо децата да станат жртви на ова што се случува сега. УНИЦЕФ нема да коментира поподробно, но би повикала на наоѓање поиновативни начини за штрајкување на просветните работници“, рече Ди Џовани.

Во тек е деветтиот ден од штрајкот кој го организира Синдикатот на образованието, науката и култураат. Штрајкуваат негувателите и воспитувачките во градинките и наставниците во основното и средното образование.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.