Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О Брајан попладнево во законодавниот дом ќе одржи средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

О Брајан во Скопје учествува на Конференцијата за планот за раст на Западен Балкан.

-САД секогаш стојат зад Македонија и ја поддржуваат Македонија. Навистина сме горди што сме сојузници и што работиме со оваа Влада која во нејзините последни денови е домаќин на оваа важна иницијатива. Планот за раст на ЕУ не е како никој друг план што сме го виделе досега, бидејќи не треба да правите реформи за да бидете оценувани подоцна, туку ако направите одредени реформи тогаш вашите компании и вашите луѓе многу брзо ќе ги уживаат четирите слободи на ЕУ – слобода на движење и можност да работите каде сакате, слободно движење на капиталот и услугите. Тоа е суштината на заедничкиот пазар, затоа сум задоволен што сум тука со Јан Копман кој ја дизајнираше оваа програма, рече О’ Брајан претпладнево на конференцијата во Скопје.

На крајот на неделава во земјава треба да биде изгласана преодната Влада пред изборите за пратеници на 8 мај, на чие чело треба да застане актуелниот претседател на Собранието Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.