Мнозинството испитаници на анкетата спроведена од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги одговориле дека актуелниот претседател Стево Пендаровски не заслужува уште еден мандат.

Или во бројки, 25% од анкетираните одговориле дека Пендаровски не заслужува уште еден претседателски мандат, а 18% од анкетираните сметаат дека Пендаровски заслужува уште еднаш да ја добие оваа функција.

Ако се земе предвид етничката припадност статистиката говори дека 13,7% од Македонците сметаат дека Пендаровски заслужува уште еден мандат, а 11,5 % од Албанците рекле дека Педнаровски заслужува уште еднаш да ја добие оваа функција.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.