Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот брифинг објасни дека договорот со Бектел и Енка содржи обврски кои веќе течат. Како што објасни Мицкоски “бројчаникот” почнува да врти од 8 Март кога е потпишан договорот.

Оттогаш треба да почнат да течат обррските кои произлегуваат од т.н специјален закон донесен 2021 година.

Како прв пенал е плаќањето на 53 милиони евра за тоа што не е сменет законот за 60 часовна недела.
За менаџирање на проектот месечно од буџетот ќе се плаќаат 2 милиони евра.

Згора на тоа, сега и да го смениме законот месечно граѓаните ќе плаќаат 1.2 милиони евра.

Се на се до овој момент обрските на државата кон конзорциумот се околу 300 милиони евра- објасни Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.