Oткако вчера се објави дека во Истанбул е убиен Јовица Вукотиќ, водач на Шкаљарскиот клан се поставуваат неколку прашања.
Со каков пасош е тој убиен ако се знае дека МВР му издаде македонски пасош и тој стана Георги Андонов?
Токму со наш пасош Вукотиќ беше уапсен токму во Турција пред три години од каде беше со специјален авион однесен во Србија. При апсењето тој тврдеше дека има легален македонски пасош и ја говореше вистината.
Неговиот вистински лик беше додаден на идентитетот на извесен Георги Андонов. Веројатно станува збор за лице кое никогаш не извадил наш пасош или веќе не живее во Македонија.
Поранешниот премиер Зоран Заев тврдеше дека не знае кој е Вукотиќ а пак министерот за внатршни работи Оливер Спасовски лани на брифиг со новинарите убедуваше дека овие пасоши се поништени но не достави ниту еден доказ.
Затоа, МВР е должно да одговори дали Вукотиќ во Турција влегол со наш пасош!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.