Заедно со претседателот Мицкоски и со потпретседателот Николоски сме во дводневна посета на Брисел, работна посета, на која е предвидено да оствариме повеќе средби. Само што ја завршивме нашата средба со господинот Морду, главен советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски при својата изјава дадена за Алфа телевизија од Брисел.

Муцунски посочи дека продолжуваат и на работна средба со европратеникот Сагарц, кој што е еден од известувачите за Македонија во Европскиот Парламент. А, во текот на утрешниот ден имаат повеќе средби, меѓу кои е и со претседателот на Европската Народна Партија, гоподинот Вебер и со потпретседателот на Европската Народна Партија кој што исто така истовремено и претседава со Комисијата за надворешна политика во Европскиот Парламент Дејвид Мекалистер.

Примарна цел е да ги потврдиме позициите на ВМРО-ДПМНЕ кои што се насочени кон заштита на националните интереси и гледањето на евроинтеграцискиот пат низ таа призма, неприфаќањето на уставни промени под овие околности и под бугарски диктат, и нашата оценка дека е потребно македонскиот евроинтеграциски пат да се гледа низ призмата на реалните европски критериуми, нагласи Муцунски.

Тој додаде дека се зборува исто така и за загрижувачката состојба во Македонија, за се пораспространетата корупција која што ја има и е евидентна на секое поле коешто низ призма на секојдневните известувања кои и медиумите ги прават и други институции за тоа колку се лоши состојбите внатре. Во таа насока нудење на конкретни решенија, конкретни планови кои се размислувањата во делот на напредокот на системот на владеење на право, системот на борбата против корупција, нашите погледи кон економските реформи и сето тоа што е значајно за Република Македонија.

На полето на корупцијата и правосудството и по изјавите на претставниците на земјите членки кои ги имаме и дома присутни во Македонија гледаме дека има одредени грижи за тие состојби. Од наша гледна точка ние фокус ставивме и на тоа што треба да биде решение. Едно е вие да мапирате проблем, тоа може секој да го направи, но наша обврска како сериозен политички субјект е и да нудиме решенија на сите тие проблеми и предизвици, рече Муцунски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.