Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Битола, во врска со рудникот Иловица, упати две пораки. Првата, како што рече, е „излажаните да внимаваат да не бидат повторно излажани“, а втората се однесува на „причината поради која СДСМ ги штити интересите на ДУИ во Струмица“.

-Имам две пораки, првата е – тие што се излажани овојпат да внимаваат добро да не бидат повторно излажани, а втората порака е – не можам да разберам зошто СДСМ ги штити бизнис интересите на ДУИ во Струмица, само уште тоа не ми е јасно, и која е цената што оние кои креваат два прста и се дел од оваа коалиција ја имаат за да ги штитат интересеите на ДУИ во Струмица. Претпоставувам набрзо денеска тие самите ќе го слушнат одговорот од мене, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање по увидот во градежните активности на Офицерскиот дом – Битола.

Владата денеска на седница се очекува да расправа за концесиите за  „Иловица – Штука“, а министерот за економија Крешник Бектеши треба да соопшти детали околу правните постапки. Бектеши во 14 часот има закажано и прес-конференција



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.