Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во изјава информира дека предлог-законите за изградба на делови од Коридорите 8 и 10Д веќе пристигнале во Собранието со европско знаменце.

Јавноста будно да следи во периодот што следи бидејќи имаме отсуство на јавна дебата поврзана со овие големи инфраструктурни и капитални проекти. Ќе мораме на ваков начин јавно да дебатираме. Добивме информација дека веќе законите се во Парламент и јас денеска нема да го коментирам туку ќе оставам од Канцеларијата на Европската комисија тоа во текот на денот да биде искоментирано. Ако не се случи, од утре ќе отвориме јавна дебата по тоа прашање, затоа што верзиите кои што ги видовме во делот 5, во овие предлози е празен. Ги повикувам амбасадите на земјите од ЕУ да се произнесат за ова што денеска го направи Владата, кажа Мицкоски како одговор на новинарско прашање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.