Па нели беше заштитен идентитетот, сега чуму потребата од вакви декларации?

Се разбира дека ова го зборувам во форма на иронија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Битола, запрашан од новинарот за коментар за резолуцијата во македонското Собрание за Илинденското востание, која ја најавија од Социјалдемократскиот сојуз.„Не само што не го заштитија идентитетот, туку целосно го распродадоа и тоа го распродаваа еднострано мислејќи дека ќе се случат оние настани кои што се случија пред пет години.

Овој пат се излажаа и такво нешто нема да се случи. Кога ние предложивме да донесеме декларација во парламетот за Гоце Делчев, тогаш од страна ана СДСМ бевме исмејувани, од страна на СДСМ во тој период бевме игнорирани, одбивани и така натаму. И сега како наеднаш, после неколку месеци се јавува желбата на овие кои што тврдат дека го заштитиле идентитетот, а во суштина го уништиле и го распродале, да дадат една ваква декларација или резолуција“, рече Мицкоски.Истакна дека не може да ги разбере пораките од СДСМ, кои на дневна основа се конфузни, додавајќи дека не знае кој е човекот кој што ги создава тие пораки, но дефинитивно таму владее стихија и немаат јасна порака.„Јас ги разбирам дека тие имаат фрустрација, бидејќи се малцински коалиционен партнер во владата и оние пратеници во Парламентот иако по бројка се многу поголеми од пратениците на ДУИ, тие се инфериорни и мораат да ја поддржуваат оваа влада на ДУИ. Не знам зашто, претпоставувам од некој лични причини, но мој совет до нив би бил, да се консолидирираат и барем да имаат каква таква координација во пораките кои што ги даваат во јавноста. Бидејќи вака како што настапуваат, не само што дополнително се предмет на исмејување, туку, мислам дека, после дебаклот кој што ќе му се случи на парламентарните избори им се закануваат многу пострашни работи, да станат маргинална политичка партија во Македонија“, посочи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.