При денешната посета на општина Гази Баба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што Здруженијата за ретки болести упатија апел до институциите да реагираат поажурно при набавка на лекови за болните нагласи дека постојат индиции за огромен криминал и лица кои што бараат процент од компаниите кои се поврзани со министерството за здравство и Фондот за здравство.

Јас имам индиции и многу од компаниите кои што се некако поврзани со здравствениот систем во Македонија доаѓаат кај мене и сведочат за огромен криминал кој што се случува. Кога велам огромен криминал мислам на тоа дека тие ги исполниле своите обврски според договорот кој што се барал од нив а за да им биде платено се бараат проценти повратни од страна на лица кои што се дел од министерството за здравство но и од фондот. Што значи тоа? Тоа значи дека криминалците и таму ги завземале клучните позиции. Се додека криминалците царуваат луѓето ќе ни умираат по ходници, нема да добиваат нега, здравствена онаква каква што треба да добиваат, и се додека овие криминалци се таму каде што се луѓето кои што им е потребен лекот „Трикафта“ нема да го имаат во оние количини кои што треба да го имаат, ова вие што го кажавте, итн. Се додека овие криминалци не заминат, Македонија ќе ниже порази, првиот ден кога овие ќе заминат ќе имаме многу работа како идна влада но подготвени сме имаме план да ја вратиме надежта во Македонија и најдобрите денови допрва доаѓаат“, нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.