Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ денеска ја промовираше програмата со која партијата ќе настапи на изборите во мај. Тој нагласи дека ВМРО – ДПМНЕ знае да прави проекти и програми кои ќе бидат најдобриот одговор за реалните проблеми со кој живеат граѓаните на Македонија.

„Тежината на оваа програма кој низ долготраен процес на консултации и собирање на најдобрите знаења на луѓето кои сакаат да се вградат во напредокот на државата, се состои во даденото ветување дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата си стојат на зборот – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека програмата е наречена „Платформа 1198“ и е длабоко визионерска програма посветена на развојот на Македонија, квалитетниот живот на сите граѓани, како и поставување на луѓето на прво место.

Мицкоски во своето обраќање рече и дека е дојдено вистинското време, во услови кога треба да се штеди, парламентот да се сведе на 90 пратеници, а во иднина да се исполни барањето на помалите политички партии за една изборна единица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.