Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески, кој не зборуваше во расправата за уставните измени, но бараше процедурално обраќање, го повика претседателот на Собранието Талат Џафери, по „европскиот тек на расправата“ да дозволи демократски епилог – односно да не ја затвора седницата без да се гласа за предлогот.

Според Мицевски, Македонија треба да покаже дека го заслужува членството во Европската унија , па порача – тука сме, во сала сме, дозволете ни да се изјасниме, тоа е демократија.

За да бидеме на нивото на денешната седница, во европски манири, ако има доволен број пратеници, гледам дека има, предлогот да го ставиме на гласање за да знаеме на што сме. Затоа тука сме да не не обвините дека блокираме, во сала сме. Ќе ни дозволите да се произнесеме, согласно нашите уверувања, во духот на демократијата и ќе ни дозволите да гласаме и да ги видиме резултатите од гласањето, кажа тој.

Тој посочи дека не треба Џафери да си даде право самиот да реши  да се прекине седницата туку треба да ги праша за тоа и пратениците, бидејќи во спротивно тоа ќе биде непочитување на деловникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.