Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во денешното негово гостување во „10 Минути“ на ТВ21 го демантираше вицепремиерот Артан Груби, за наводната нивна средба а во врска со Бектел и Енка.

Мисајловски вели дека таква средба немало.

-Не сме имале таква средба, средби во минатото сме имале на различни тематики, но за Бехтел и Енка немало, вели Мисајловски.

Груби вчера на конференција истакна дека се сретнал со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски.

-Тој исто така се сретна и со претставниците на Бехтел и Енка. Јас исто така се сретнав и со Владо Мисајловски, поранешен министер за транспорт и врски. Со Александар Николовски во врска со специјалниот закон и другите законски измени. Сите се согласија дека се потребни и дека имаат нивни предлози за подобрување на законските решенија но никогаш не ни ги доставија, истакна Груби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.