Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска оствари средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи, која е во официјална посета на земјава.

Во фокусот на разговорот меѓу Ахмети и претседателката Османи, соопштија од ДУИ, биле билатералните односи меѓу двете земји, европската перспектива, постигнатиот договор со Србија и состојбите во регионот.

– Ахмети и Османи истакнаа дека во овие клучни моменти за европската иднина на двете земји, важно е да се зајакне соработката и да се консолидираат активностите до финализирање на целите, стои во соопштението од ДУИ.

Процесот на уставни измени е оценет како неопходен за европскиот пат што го започна Република Македонија, за што претседателот на ДУИ Ахмети ја информирал претседателката Османи за последната иницијатива во која се вклучени сите политички и општествени актери во државата.

Двајцата соговорници оцениле дека Република Македонија и Република Косово мора заедно да го забрзаат чекорот кон Европа, како единствена алтернатива за целиот регион на Западен Балкан.

– Ахмети го изрази својот став и поддршка за успешно завршување на дијалогот и меѓусебното признавање меѓу Косово и Србија, соопштија од ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.