Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат дека негативната селекција и непрофесионализмот како на Клиниката за токсикологија, така и на ниво на целокупното јавно здравство во Македонија продолжуваат на штета на пациентите.
Од партијата рењагираат за тоа што здравствените власти селектирано постапуваат по извештаи од надлежни институции, па така наместо да се разреши организациската директорка на Клиника за токсикологија за чија работа има низа забелешки, Демири го разрешува медицинскиот директор без конкретни образложенија.
Прашуваме
1. Дали организациската директорка на оваа Клиника го има ангажирано својот татко како преведувач и доколку е тоа точно, дали за овој ангажман добива надоместок и која е сумата на истиот?
2.Што презема организациската директорка Иљази за фактот што за два месеци го зголемила долгот за два милиони денари?
3.Дали воопшто доаѓа на работа организациската директорка Иљази и со кои компетенции и работно искуство доаѓа на оваа позизија?
4.Дали се точни информациите дека организациската директорка одбива да го потпише осигурувањето на опремата на Клиника за токсикологија и со самото тоа го загрозува функционирањето на клиниката како и го става на ризик животот на хоспитализираните пациенти и на вработените
Ваквото незаконие за среќа завршува.
ВМРО -ДПМНЕ во Платформата 1198 се обрзува дека ќе стави крај на ваквиот дуализам и укинување на организациските директори на клиниките. Ќе воведеме мерит систем и избор по комепетнтност и способност, се наведува во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.