Ама ако, продолжете вие игнорантски, држете си трибини за вашите семејства, поставувајте идиоти за директори, бегајте од одговорност, ене ја анкетата, полека ќе завршите зад ДУИ, а вашите лични рејтинзи се на ниво на статистичка грешка. Вака активистот Ивор Мицковски реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој денес застана во одбрана на министерот за образование Јетон Шаќири велејќи дека тој не е виновен за грешките во учебниците.

Учебници каснат повеќе од пола школска година, оние што се добиени полни грешки и глупости.
Премиерот, само да не се закачи со коалиционата мафија вика: Министерот не ги пишува учебниците.
Дагау…
Значи, министерот требаше да биде избркан за каснењето, а грешките и се останато е одговорност на институцијата и тој што ја води. Вие одговорност не положивте за многу пострашни работи, ве заболе вас за учебници и образование.
Ама ако, продолжете вие игнорантски, држете си трибини за вашите семејства, поставувајте идиоти за директори, бегајте од одговорност, ене ја анкетата, полека ќе завршите зад ДУИ, а вашите лични рејтинзи се на ниво на статистичка грешка.
Инаку, гледате поддршката за ЕУ висока и без вас, што значи граѓаните си опстојуваат на патот, а вие освен што устите ви се полни ЕУ, патот кај го изгубивте, никогаш и не го пронајдовте.
Вашата политика е трибини за семејни кланови, ужасна кадровска политика, коленичење пред Бугарија, мислејќи дека за промената на Уставот Западот ќе ве спаси, корупција, криминал и ново глупо едноумие.
А да, и да зборите за Левица и за ВМРО.
Убаво вика еден колега, колку треба да сте лоши за Груевски да е политичар со највисок рејтинг?!
Очигледно не исто лоши, туку полоши, пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.