После враќањето од Брисел, каде Македонија го доживеа својот најголем дипломатски неуспех и понижување, МНР Османи би било пожелно да оствари средба со пратеникот Кастриот Реџепи за да ги анализираат сите (не)добиени датуми во декември, јануари, февруари и вчера, за да ја прелистаат уште еднаш фејк иницијативата „Европа21“ која наместо за заштита на евроинтеграциите испадна дека е за да ги заштити владините фотељи, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

По фијаското во Брисел, Ковачевски и Османи мора да си поднесат оставки, затоа што ги манипулираат граѓаните повеќе од пет години, а исто толку време земјата назадува на секое поле. СДСМ и ДУИ го измамија народот, ја урнисаа економијата и ја понижија државата – реагира Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.