Ние поднесовме закон со кој побаравме да биде направено нивелирање на коефициентите на сложеност на работните места според растот на минималната плата, која беше усвоена од страна на Владата – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување во емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.

Мицкоски посочи дека претседателот на Синдикатот бил многу гласен, а сега го нема да се зборува и да ги штити правата на останатите работници.

Никаде го нема човекот сега да побара нивелирање на останатите плати. Најнискиот коефициент на сложеност во моментот е минималната плата со основно образование од 18,000 денари а асистентот којшто е примен е со 23,000 денари, а треба да е магистер на науки. Тогаш како ние ќе ги мотивираме младите да се бават со наука – коментира Мицкоски.

Претседателот на ВМО-ДПМНЕ, потенцираше дека доколку најнискиот коефициент на сложеност е со основно образование, тогаш како може младите студенти кои имаат по 9,50 или 10 просек и сакаат да се бават со наука да се мотивираат да се бават со наука, а платата за тоа да биде 23,000 денари.

Мицкоски истакна дека е очигледно оти се нема слух од страна на власта за законот прдложен од ВМРО-ДПМНЕ за нивелација на коефициентите на сложеност.

Најмногу ме загрижува што нема слух кај претседателот на Синдикатот кој треба да ги штити правата на останатите работници, како и на СОНК.

 

СОНК ја има нашата поддршка за протести за платите на просветните работници. Наставниците, професорите да бидат спокојни никој нема да им се заканува барем на локално ниво автократијата е поразена – изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.