Оваа Влада треба час поскоро да замине за да ѝ тргне на Македонија и на граѓаните од Македонија, без разлика дали се тоа граѓани на Скопје, Штип, Тетово, Гостивар, Струга или Струмица.

Ова е заклучокот по средбата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и градоначалникот на Тетово и претседаттел на БЕСА Билал Касами.

Мицкоски денеска беше во општина Тетово, каде што разговараше со Касами.

Разговаравме на актуелните теми кои ги мачат сите граѓани во Македонија, разговаравме за актуелната политичка и економска ситуација, зборувавме за предизвиците со енергетската криза.
Дојдовме до еден заеднички заклучок, а тоа е и практично заклучокот на огромно мнозинство граѓани, дека Македонија се движи во погрешен правец и дека оваа Влада треба час поскоро да замине за да и тргне на Македонија и на граѓаните од Македонија, без разлика дали се тоа граѓани на Скопје, Штип, Тетово, Гостивар, Струга или Струмица, смета Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.