Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” која се емитува на Алфа телевизија говореше за францускиот предлог и рече дека тој предлог не требало да се најде на маса, а се нашол на маса затоа што неколку месеци претходно некој тајно го преговарал.

– Во тие преговори, тој што го преговарал практично се согласил со овој текст и сега наеднаш ние текстот го гледаме на маса, а тој што се согласил се прави дека не е од овде, дека нема очи, нема уши, нема ништо и вели јас ништо не сум добил. Ова е сериозен самит прво на Европската унија, таму треба да добијат кандидатски статус Украина, каде што дневно гинат по стотици и илјадници луѓе, која има илјадници километри граници која што има војна секојдневно, жалам за тоа што се случува, но исто жалам и за овие дома кај нас кои што 22 години чекаат и едно чудо генерации талкаат по Европа чекајќи европска иднина, се разочараа. Таа Украина, заедно со Молдавија кае што исто така имате релативно тензична ситуација, потоа ја имате Грузија и сега тие наеднаш треба да добијат кандидатски статус. Ова е сериозен историски геостратешки самит, ова не е било каков економски самит па сега ќе зборуваме за политиките или слично, имаме политичка тежина на овој самит и на нив им е потребен чекор и на Балканот, да почнат Македонија и Албанија преговори и сега, како ќе почне Македонија преговори ако видат дека во Бугарија не попуштаат бидејќи од таму таква е состојбата, притисокот ќе го направиме таму каде послабо,односно Македонија затоа што имаме министер кој што не го интересира состојбата за моето чувство, за вашето чувство, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во тој вкрстен оган, ако утре помине во комисијата за надворешни работи во Бугарија а најверојатно ќе помине, ние тоа ќе го имаме на маса, односно Ковачевски ќе го има и тоа е она кое што е конечната позиција.

Живееме во време кога политичар лекомисленик го ништи македонскиот идентитет и тоа треба на сите секој еден да му е јасно и тоа име треба да остане запишано за век и векови и за генерации! И ова не го зборувам на памет, потенцираше Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.