Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, на Твитер порача дека сега е моментот за одговорни одлуки и Западниот Балкан треба да биде дел од Европската Унија.

ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски барања и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни – порачува Вархеји во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.