Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа им ја честита победата на унгарскиот премиер Виктор Орбан и на српскиот претседател Александар Вучиќ на парламентарните избори во Угарија, односно претседателските и парламентарни и локални во Србија.
Голема победа за Orbán Viktor. Со среќа и успех нека е петиот премиерски мандат, четврти по ред.
Честитки и за убедливата победа на нашата сестринска партија СНС во Србија. Голема победа за Претседателот на Србија Александар Вучић
На лична покана од Орбан, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседателот на партијата Александар Николоски изборите во Унгарија ги следеа во седиштето на партијата на актуелниот премиер Фидес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.