Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, Александар Николоски, во Унгарија, во штабот на унгарската партија Фидес ги чекаат резултатите од парламентарните избори кои денеска се одржуваат во оваа земја.

На покана на нашиот голем пријател и пријател на Македонија, Orbán Viktor, денес заедно со потпретседателот Aleksandar Nikoloski ги чекаме резултатите од парламентарните избори во Унгарија, во изборниот штаб на Fidesz. Очекуваме нова, четврта по ред победа за Fidesz и нов четврти по ред премиерски мандат на Виктор Орбан! – стои во статусот на Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.