Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски преку статус на Фејсбук му ја честиташе победата на унгарскиот претседател Виктор Орбан.

Честитки за Orbán Viktor за убедливата победа на изборите! Заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Hristijan Mickoski имавме чест да бидеме дел од прославата на големата победа за Унгарија и ЕУ. Со оваа победа Орбан станува Премиер со најмногу мандати во земја членка на ЕУ. Оваа победа испиша историја. Победата на Орбан е многу значајна зашто тој е голем пријател на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија и ќе стори се што може Македонија да напредува кон ЕУ, кон подобар животен стандард и повеќе инвестиции, пишува Николоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.