Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ja предводи делегацијата од својата партија на отворањето во Благоевград. Во изјава за медиумите Мицкоски рече дека со присуството најголемата опозициска партија од Македонија сака да им даде поддршка на Македонците во Бугарија, да ги охрабри дека нивната матична земја стои зад нив и дека партијата ќе ги штити нивните интереси.

Да го поддржиме отворањето на овој клуб, да ги поддржиме нашинците, Македонците од оваа страна на границата. И да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци кои што зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија. И за тоа во 21 век веќе не треба никој нити да има дилема, нити треба воопшто да разговара. Треба да се почитува правото на самоопределување. А, нашето право да се самоопределиме како Македонци е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти. Затоа сме денеска тука да ги поддржиме нашите Македонци во Бугарија, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.