За канонизацијата на просветителот Кирил Пејчиновиќ и реакциите во Бугарија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека се прават „сериозни обиди за негирање на автентичната борба на Пејчиновиќ за Македонија и нашиот народ и идентитет“.

-Сакаат да го прикажат како Бугарин и не застануваат тука, одат понатаму и велат дека тука нема да застанат Македонците, туку ќе го направат и со Крчовски, браќата Миладиновци, Шапкарев. Што е тоа? Дали е тоа пријателство или добрососедство? Јас не можам да се помирам со тоа. Затоа велам подготвени сме кога ќе направиме влада, да седнеме и овој дел од Договорот со Бугарија да го репреговараме. Ние немаме проблем за соработка со нашиот источен сосед во делот на образованието, земјоделството, туризмот, да градиме пруги и патишта, рече Мицкоски во дебатата на МТВ.

Тој смета дека „Македонија во ЕУ најмногу ѝ одговара на Бугарија“.

Наместо да бидат наш најголем спонзор и пријател, се однесуваат како Русија во Украина. Така тие го негираат украинскиот јазик и идентитет, така и официјална Софија денеска го негира македонскиот јазик и идентитет. Тие велат дека нашиот јазик е јазична норма. Има ли поголема навреда од ова од земја-членка на ЕУ во 21 век, а ние денеска зборуваме за зелена транзиција, Европа без граници, вештачка интелигенција? Ние само бараме да не почитуваат. Тоа го бара ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.