Решението на Министерството за правда со кое се забранува употребата на терминот „Македонија“ при регистрација на правни субјекти се поништува со денешната пресуда на Управниот суд.

Ваквата судска одлука претставува добиена битка според адвокатот Тони Менкиноски, што го застапуваше тужителот Димитар Џундев. Министерството за правда сега има рок од 60 дена да донесе ново решение за употребата на терминот „Македонија“, објавува „Нова Македонија“.

Управниот суд го поништи решението на министерот Бојан Маричиќ со кое се забранува употребата на терминот „Македонија“ на здружение граѓани од Република Македонија. Моментно го поништи тоа решение и го врати на одлучување во Министерството за правда. По законски предвидениот рок од 60 дена, министерството мора да донесе решение со кое ќе каже дали го дозволува или не го дозволува терминот „Македонија“. Ако повторно каже дека не е дозволено, ние пак можеме да вложиме тужба и тогаш Управниот суд треба да одлучува мериторно. Тоа значи дека неговата одлука е задолжителна, не само од формален, туку и од суштински аспект. Тогаш Управниот суд ќе се произнесе во целост за тоа дали може да се користи или не терминот „Македонија“. Апсолутно дека очекував ваква одлука. Денеска добивме една битка, но не и војната. На овој начин треба да си ги остваруваме своите права, за жал во Македонија, но мислам дека не треба да се откажуваме. Одиме понатаму – порача Менкиноски по одлуката на Управниот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.