Управниот суд на 14 септември ќе донесе одлука дали ќе ја уважи жалбата на невладиното здружение „Млади за Македонија“, чие име е оспорено од Министерството за правда уште од 2018 година, бидејќи во себе не ја содржи претставката „Cеверна“, пишува МКД.мк потстувајќи дека Министерството за правда пред две години не дозволи регистрација на здружение со име „Млади за Македонија“. Управниот суд вчера одржа јавна расправа.

Во одговорот до Управниот суд, Министерството за правда вели дека остануваат на донесеното решение со кое според Законот за здруженија се забранува употребата на терминот Македонија, кој може да се употребува само со одобрение од ресорното министерство.

По вчерашната јавна расправа во Управниот суд, застапникот на невладиното студентско здружение „Млади за Македонија“, адвокатот Тони Менкиноски, изјави дека ова здружение има генетско право да се идентификува како македонско и да го користи поимот Македонија.

Користењето на името „Македонија“ е основно човеково и генетско право и за овој предмет ќе одиме до крај, истакнаа адвокатот Тони Менкиноски и тужителот Димитар Џундев по јавната расправа во Управниот суд. Тие бараат поништување на решението на Министерството за правда и регистрација на здружението „Млади за Македонија“ од Гевгелија.

Повеќе на МКД.мк

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.