Не стравувам дека може да бидам осуден и верувам дека ќе добиеме ослободителна пресудa.Оваа агонија што власта ја наметна резултира со поведување на нови обвиненија против луѓето кои го истакнаа знамето од Кутлеш на Самоиловата тврдина на 27 април, вели адвокатот Тони Менкиноски во интервјуто за „Република“.

Тој појаснува дека покрај за него, поднесени се обвиненија и за обични граѓани кои присустувале на настанот кога на 27 април, исто така во Охрид беше истакнато македонското знаме.

Мене ме водат дека за „Водици“ го имам истакнато македонското знаме на Самоиловите тврдини.На 27 април повторно го истакнавме македонското знаме во поддршка на уставобранителите.Тогаш полицијата спроведе повикување на граѓани кои присустуваа на поставувањето на знамето и сега против нив има поведено обвинение.Тие сакаат да го парализираат процесот во кој сум јас обвинет со тоа што не доаѓаат од министерствтото за внатрешни работи како властени предлагачи против мене.Не доаѓа и судијата и предметот е одложен на неодредено.Од друга страна го забрзуваат процесот против овие обични граѓани.Јас им кажав и тогаш дека ја преземам одговорноста за истакнувањето на знамето.Тие сакаат да го притисннат народот со тоа што повикувајќи ги овие луѓе сакаат да ги заплашат и да не ни дозволат на нас Македонците да го истакнуваме нашето знаме кое е културно и етничко обележјеи наследство на Македонците.Намерата е да се осудат овие луѓе и со тоа да се воспостави пракса да не се виори сонцето од Кутлеш-објаснува Менкиноски за „Република“.

Адвокатот објаснува проблем што е проблемот со истакнувањето на ова знаме

Тие што го потпишаа Договорот од Преспа тие да си го спроведат, јас немам намера да учествувам.Тој договор од формален аспект е потпишан од министер за надворешни работи а се знае кој треба да го потпише.Воопшто немам намера да го почитувам и не е забрането да го истакнеме сонцето од Кутлеш.Она што многу ме радува е што многу млади луѓе сфатија што оваа власт прави за сонцето од Кутлеш и на многу матурски, свадби се идентификуваат.

Менкиновски бара да не се прави споредба меѓу знамето со сонцето од Кутлеш и знамето на Албанија.

Македонското сонце од Кутлеш не е симбол на ниту една држава и тоа е симбол на нас Македонците , а знамето на Голема Албанија и албанското знаме кое се виори во Македонија е знаме на Албанија.Тоа е строго забрането со меѓународни договори да биде развиорено на туѓа држава.Кога ќе го развиорите на туѓа држава според меѓународно право дека ја поседувате таа територија и сте ја освоиле.Таа територија не е освоена и треба да се поведат постапки против сите оние кои веат албанско знаме, не знаме на малциннствата и знаме кое содржи елементи на шовинизам, и  експанзионизам кон нас Македонците

Менкиновски има коментар и за самитот на ОБСЕ и доаѓаето на рускиот министер за надворешни работи.

Лавров е добредојден во Македонија. Ние немаме никакви лоши односи како народ со Русите и како членка на ОБСЕ, Македонија треба да му обезбеди добар и мирен престој на Лавров.Османи бидејќи не знае што да прави, требаше да се занимава со македонското прашање во Егејска и Пиринска Македонијавели Менкиноски .Тој ги охрабрува судиите во Врховниот суд да кажат кој им вршел притисок.

 

Менкиновски нема дилеми која беше намерата доколку се донесеше Законот за амнестија.

Законот за амнестија беше избрзано решение.Тој следеше со проблеми во казнено-поправните установи.Тој закон сакаа да се донесе за да излезат многу луѓе од подземјето и да им помогнат за следните избори на сегашната политичка гарнитура.Не се прави тоа така.Тој казнен систем треба целосно да се преобработи во два аспекти.Првиот е прекршочниот во кој треба да се минимализираат казните кој треба и вториот е кривичниот во кој треба да се максимизираат.

Менкиновски е убеден дека ќе доживееме Бугарија да имплементира некоја од пресудите во судот во Стразбур кои се однесуваат на Македонското малцинство.

Ако Бугарија не ги имплеменира тогаш го руши целиот систем на Советот на Европа и Европската конвенција за човекови права.Нема да дозволи СЕ една Бугарија да го уништи целиот систем. Нашето МНР не успеа да му каже на македонскиот народ какви изговори дава Бугарија пред Комитетот на министри, односно секогаш кога ја стискаат да ги имплементира тие даваат изговори .Ако не ги имплементираат ќе започнат постапка за исфрлање од Советот на Европа-убеден е адвокатот.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.