Последните изјави на претседателот на  Франција Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц покажуваат во кој правец ќе се движи регионот и неговото придружување кон ЕУ.

Она што е важно за Македонија е што нашата земја никаде не се споменува во разговорите на европските челници. Тоа го потврди и претседателот на Франција по разговорот со првиот човек на Србија Алекснадар Вучиќ дека токму Србија е следна која ќе биде примена.Македонија не е ни спомената.

Макрон рече една важна работа за нас, а тоа е дека ниту Украина, ниту некој друг нема да влезе во ЕУ пред Србија – изјави Вучиќ по разговорот со Макрон.

Шолц пак рече дека земјите од Западниот Балкан се приоритет за членство, без да посочи која земја прва ќе влезе  во друштвото на ЕУ.

Војната во Украина охрабри многу земји да аплицираат за членство во ЕУ. Покрај Украина, тука е Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина. Но, се чини нивното членство е подалечно дури и од тоа на Македонија. Тоа впрочен го кажа и претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен која нагласи дека има многу многу работа до членството на Украина.

Каде стои Македонија во сето ова

Македонија од 2005 година е кандидат за членство во ЕУ но не ги започнува преговорите, најпрво поради грчката а сега и поради бугарската блокада.

Во јуни се навршуваат и четири години од легендарната фотографија од Заев и тогашните министри кога во авион објавија дека сме „добиле“ датум за преговори.

Последните отстапки од страна на новиот премиер Димитар Ковачевски кон неговиот бугарски колега Кирил Петков можеби и ќе го кренат ветото и Македонија ќе ги почне преговорите. Но, тоа не значи апсолутно ништо и претстои долг процес на преговори кои ќе траат повеќе од десет години.

ЕУ веќе кажа кој е приоритет, а кој ќе мора да чека во чекалната и да им посака добредојде на новите кандидати.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.