Mајката на потпретседателот на СДСМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, партнерски ќе гради хотел на еден трите патишта кои го опкружуваат Беровското Езеро, открива А1он.

Се работи за две катастарски парцели со вкупна површина од 7.578 квадратни метри кои се купени од неодамна починатиот Владимир Богоев, татко на потпретседателот на СДСМ и актуелен директор на Центарот за истражување и анализа на партијата Стефан Богоев и Мирјана Павлова од градежната компанија „Каса инженеринг“.

Тие ја стекнале сопственоста на 7 октомври 2021 година. Според купопродажниот договор во кој имаше увид „А1он“, парцелите се купени за сума 50.000 илјади евра, а данокот кој е платен на општината изнесува 181.758 илјади денари или околу 3.000 евра. Математички, ако купопродажната цена се подели со бројот на квадрати, излегува дека метар квадратен е купен за шест и пол евра или 409 денари, што е прилично ниска сума за оваа атрактивна локација, која според ДУП е со намена Б5, односно изградба на хотел. Според информациите на „А1он“, семејствата се домашни пријатели, а како што потврди и самиот Богоев, тие се и соседи.

Во изјава за „А1он“, Стефан Богоев вели дека земјиштето е со намена хотел во ДУП донесен уште кога неговите родители воопшто и не биле сопственици.

Повеќе на А1он



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.