Обвинувањата на градоначланичката на Скопје, Данела Арсовска, дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја навредувал и и се заканувал, предизвикуваат голем револт кај женските припаднички на партијата.
Тие, гневни поради ваквите, како што истакнуваат, лажни обвинувања на Арсовска, јавно реагираат истакнувајќи дека Мицкоски секогаш покажувал дека и по карактер не е човек којшто би се заканувал некому, а истовремено зборуваат за случаи на некоректниот однос на Арсовска во нивната меѓусебна комуникација.
Една од тие што се одлучија за јавна рекација е претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, која обелоденува дека порталот Инфомакс, кој важи за близок до Данела Арсовска, и поставил прашање за официјален коментар за наводните закани на Мицкоски кон Арсовска, но откако одговорила дека таквите наводи се лажни, нејзиниот одговор воопшто не бил објавен.
Во текот на вчерашниот ден добив прашање од Инфомакс и Александра Петровска.
Прашањето беше:
„Почитувана, како претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, како ги коментирате изјавите на градоначалничката Арсовска дека добивала закани од Христијан Мицкоски. Дали осудувате вакво насилство и дали доколку се докаже дека е вистина ќе побарате извинување од Мицкоски?
Со почит,
Александра Петровска, Инфомакс“.
Чекав 24 часа да го објават одговорот, тој не беше објавен. Иако се согласи да го објават во целост.Во прилог одговорот кој го дадов:
Одговор на вашето прашање, воедно би замолила, во име на професионалното известување и вашата декларативна заложба информациите да се без цензура, истиот да биде пренесен во целост:
…
Како жена која што ја предводи најголемата политички организирана структура на жени во Македонија можам да кажам дека изнесените тврдења за некакви закани се комплетна лага и измислица. Впрочем претседателот Мицкоски секогаш давал огромна поддршка во борбата за правата на жената, а како човек кој има лично искуство од тимската работа во партијата и директна соработка со Претседателот на партијата можам да посведочам дека тоа што го соопшти Арсовска не е дел од неговата култура, ниту пак е карактерна особина на претседателот Мицкоски, нешто што пак не можам да го кажам за г-ѓата Данела Арсовска.
Ќе потсетам дека таа впрочем освен од раководните органи на партијата, имаше огромна поддршка и од мене лично и од целата Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ. Јас лично бев вклучена во борбата против говорот на омраза кој беше насочен кон г-ѓата Арсовска во изборната кампања, а таа денес очигледно ја превзема палката и ударното место во сеење на лаги и говор на омраза, нешто против што се боревме.
Секој ден станува појасно која е суштината на средбите на Арсовска со Ковачевски, и создавањето на димна завеса за сите скандали на власта. Жалам што Арсовска ја превзема таа улога која и ја додели власта, и ќе и препорачам помалку да служи за туѓи интереси и да не биде водена од тендер политиката, и повеќе да е фокусирана кон решавањето на проблемите на скопјани.
Самото количество на лаги отвора и сомнеж за деловна неспособност во раководењето на градот, нешто за што треба да се позанимава и самиот систем на државата.Плус со глумењето жртва во политиката ги дискриминира и иритира сите оние жени кои биле навистина жртви во политиката, наведува Пешевска.
Свое јавно обраќање има и портпаролката на Марија Митева, која истакнува дека додека Арсовска ја имала поддршката од сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш таа немала никаква забелешка за односот, но кога и било посочено дека нејзиното работење ќе треба да донесе промени, работа и резултати во градот, тоа изостанало, а Арсовска почнала да се жали за некоректен однос кон неа.
Кога конкретно, ЛИЧНО И ДИРЕКТНО ја добиваше поддршката, кога конкретно, лично и директно ја бараше поддршката тогаш приказната беше поинаква. Кога конкретно, ЛИЧНО И ДИРЕКТНО ти беше посочено дека ќе требаат промени, работа и резултати, беше сигурна дека менаџер како тебе не ни знае поинаку.
Е сега, конкретно, ЛИЧНО И ДИРЕКТНО кога ги нема резултатите, поддршката лажно ја претвори во наводни закани. Со насмевка на лице презентираш скандалозни наводи, мора да признаеме ако не во работа, барем во манипулација си неприкосновена.
Не жена, ниеден човек не треба да се служи со вакви манипулации и спокојно да продолжува да ја ужива власта.
Но, времето на валкани лаги ќе го претвориме во време на чиста вистина!, коментира Митева.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ, пак, истакнува дека не е љубител да коментира на политички теми затоа што смета дека во време на економски колапс на државата нема место за дневна политика, но дека неправедните и невистините обвинувања на Арсовска, како што вели, ја извадиле од кожа.
Изјавата на градоначалничката Данела се коси со карактерот и културата на претседателот Мицкоски. Тоа не е Христијан Мицкоски. Однесувањето, зборувањето и мислењето на претседателот Мицкоски се на највисоко ниво и создаваат високо ниво на внатрепартиска демократија која е столб за развој на една партија и држава. Самиот факт што успеа да ја консолидира партијата кога беше најтешко и да ја направи победничка на последните локални избори покажува дека го имаме вистинскиот лидер.
Доста ни е од политичари кои само омаловажуваат и навредуваат. Ние треба да станеме европска и цивилизирана Македонија! За тоа се бориме…, порачува Кадиевска Војновиќ.
Од своја страна, потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, истакнува дека лажните обвинувања што Данела Арсовска ги изнесе за Мицкоски, се ссамо обид на една незрела политичарка да се истакне и да го сврти вниманието од хаосот што го продуцира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.