Зарем треба да им газиме врз коските и да поплукаме на сè што биле и за сè што се бореле нашите предци?, прашува во статус на Фејсбук Драган Ковачки и повикува на масовност на вечерачниот народен протест пред Владата во 19 часот.
За оваа држава загинале генерации Македонци и Македонки.
За оваа држава гинеле сите што живелее низ вековите во неа.
Гинеле за да нивните деца и поколенија живеат во МИР и СЛОБОДА! Гинеле за човечки правдини и достоинство.
Гинеле затоа што сакале да бидат свои на своето.
И успеале.
Затоа денеска ја имаме каква-таква, ама наша Македонија во која живеат вековно угнетуваните.
Зарем треба да им газиме врз коските и да поплукаме на се’ што биле и за се’ што се бореле нашите предци?
Зарем треба да дозволиме денеска, мекотелците и криминалците, на зелена маса да не’ побугарчат?
НЕ!
На Македонците, како никогаш порано после Втора Светска Војна им е потребно единство!
ЕДИНСТВО, БЕЗ РАЗЛИКА НА УБЕДУВАЊЕ, ОПРЕДЕЛЕНОСТ ИЛИ ПРИПАДНОСТ!
Нема партии, нема разлики. Обединети!
Македонија на протест пред Влада во 19, пишува Ковачки на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.