Клучното прашање за нашата иднина е продолжување на европските интеграции и полноправно зачленување во ЕУ, рече денеска лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на прес-конференцијата со првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Според Ковачевски, многу држави се подобри од нас само затоа што се земји-членки на ЕУ.

Ковачевски: И јас не сум веќе нешто многу млад. Ние двајцата сме, за разлика од некои помлади ваши колешки овде, кои што немале можност да бидат дел од Социјалистичка Република Македонија, дел од Југославија. Ние бевме спејс шатл за Бугарија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка…

Глас: Албанија?

Ковачевски: Па добро, Албанија беше еден друг систем, посебен систем. Меѓутоа за овие земји членки на советскиот лагер ние бевме спејс шатл. Ние бевме за нив Лос Анџелес. Не цела Америка, Лос Анџелес.

Азески (mу шепти): Лејкерс

Ковачевски: Лос Анџелес Лејкерс бевме за нив. Само заради тоа што се земји членки на Европската унија, тие сега се подобри од нас.

Ковачевски додаде дека ако генетички биле подобри од нас, ќе биле подобри и тогаш, сè до влезот во ЕУ.

Генетички не се подобри од нас. Ниту се попаметни, ниту имаат подобри ресурси, ниту имаат подобра географска положба. Немале подобра инфраструктура. Соседна Бугарија сега има метро, а порано пат немаше. Затоа европските интеграции се приоритет за економскиот, социјалниот и демократскиот напредок на Cеверна Македонија. Секој што измислува други алтернативни сценарија е губење на време како што гледавме 11 години, истакна претседателот на СДСМ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.