Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека консултативниот процес за европскиот предлог се уште не е завршен и разговорите продолжуваат понатаму.

„Во однос на консултациите ние имавме веќе првична средба со коалиционите партнери, на кои што им беше презентирано, дел од тие коалициони партнери веќе изразија позитивни ставови во однос на предлогот кој што го имаме добиено, дел тоа ќе го направат своите ставови ќе ги кажат во идниот период, ние нормално дека имаме комуникација со нашите коалициони партнери”, рече премиерот Ковачевски.

Ковачевски истакна дека остана за консултација уште и дел од опозициските партии.

„Утрово имав телефонски разговор со г. Зиадин Села така да најверојатно утре ќе се видиме со вицепремиерот за европски прашања да му биде претставен и објаснет во сите делови предлогот кој што го имаме на маса. Претседателот на Собранието е дел од Советот за безбедност и дискусијата во Собранието ќе се одвива согласно процедурите на Собранието на РСМ, бидејќи Владата не може да му наложува на кој начин Собранието ќе ја води расправата”, изјави Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.