Терминот на одржување на редовните претседателски избори, како и за редовните парламентарните избори треба да бидат предмет на дискусија меѓу сите партии, смета премиерот Димитар Ковачевски кој денеска не сакаше да ја коментира вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека изборите треба да се одржат на 8 мај догодина.

„За датумот на изборите тоа веќе е предмет на дискусија помеѓу сите политички парти, не помеѓу две политички партии. Секогаш Изборниот законик во државата и оддржувањето на изборите се прави согласно со Закон, согласно со Устав, согласно со мандати. Оваа година имаме карактеристични избори бидејќи имаме и претседателски и парламентарни избори“,.

 

ВМРО-ДПМНЕ  и Мицкоски бараат одржувањето на претседателските и парламентарните избори да биде во ист ден, а вчера лидерот на партијата го посочи 8 мај. Според него единствената недела каде што можат да се поклопат вториот круг претседателски и парламентарните избори е 5 мај, а бидејќи тогаш е Велигден, предлогот е тие да бидат три дена подоцна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.