Коалицијата за европска иднина ќе има мнозинство во Собранието и повторно ќе ја формираме проевропската Влада на Македонија, а Стево Пендаровски ќе биде избран за Претседател на Македонија. Тоа се потврди и на вчерашната Конвенција во салата Борис Трајковски на која присуствуваа голем број граѓани“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски говорејќи на дебатната емисија „Дуел за Македонија“.

„Во парламентарна демократија мнозинство формираат партии коишто имаат иста платформа и прават предизборна или постизборна коалиција. Јас сум убеден дека и по претстојните парламентарни избори, СДСМ повторно ќе ја предводи Владата која ќе ја внесе државата во Европската Унија“, рече Ковачевски.

Тој порача дека не отстапува од европската иднина на Македонија, бидејќи токму тоа е она што е најважно за државата.

„Јас го покажав тоа и на дело во 2022 година кога на ВМРО ДПМНЕ им кажав: „Повелете половина од министерските места што ги има СДСМ. Ќе бидат ваши за заедно да ги донесеме одлуките, бидејќи тоа е врвен приоритет за Македонија“. Но, тие прво прифатија, а потоа одбија. Затоа граѓаните и на 24 април и на 8 мај ќе знаат да одлучат дека само со СДСМ и Коалицијата за европска иднина може да имаат јасен план за коренити реформи и промени во државата, кои ќе бидат поддржани од ЕУ во рамки на преговарачкиот процес“, изјави претседателот на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.