Сѐ уште неизградениот клинички центар во Штип беше тема на Комисијата за здравство на ВМРО – ДПМНЕ. Претседателот Игор Николов, истакна дека било дискутирано за важноста на оваа болница за целиот регион, како и за штетноста од раскинувањето на договорот со Европската банка.

Да се заблагодариме на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, за целокупната негова активност за подобрување на здравствената инфраструктура и да го потенцираме значењето на сегментот штипска болница, како и да апелираме до здравствените власти – рече Николов.

Освен за Клиничкиот центар во Штип, на средбата со централната здравствена комисија се дискутирало и за други теми коишто ги опфаќаат условите во коишто работат и функционираат здравствените работници во Штип.

Во отворената дискусија беа темите за деблокирање на процесот на изградбата на Клиничкиот центар во Штип, дефицит на медицински кадар и дефицит на апаратура во Клиничката болница Штип – истакна Никола Костадинов, претседател на локалната Комисија за здравство при ОК ВМРО – ДПМНЕ Штип.

Како Комисија и здравствени работници, особено од Источниот Регион, истакнаа дека ќе продолжат со потенцирањето на важноста на овој проект.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.