Медицинските сестри од Клиниката за нефрологија и од други клиники се соочуваат со притисоци и мобинг од страна на директорите, обвинуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат дека дирекрите наместо да да преземат конкретни чекори за унапредување на статусот на медицинските сестри, ги упатуваат да работат како угостители иако долги години овој кадар инвестирал во својата надградба.

Ваквите притисоци кулминираат со закани од директори по легитимното барање на медицинските сестри за регулирање на додатоците за плата, нешто што е регулирано со закон, велат од Комисијата за здравство на ВМРО – ДПМНЕ и додаваат дека Комисијата обезбедува правна помошКомисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ  обезбедува правна помош/совети/консултации со цел да се заштити интегритетот на оваа професија.

Заинтересираните може да не контактираат на [email protected] со загарантирана анонимност

Внимателно ги следиме сите информации за системските нерегуларности кои пристигнуваат до Комисијата за здравство за притисоци и неправилности од повеќе Клиники и со внимание ги следиме сите аспекти поврзани со кршење на законското право на вработените. Се обврзуваме дека заедно со медицинските сестри ќе го унапредиме нивниот статус и ќе го вратиме достоинството на оваа благородна професија, велат од Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.