На граничниот премин Евзони попладнево за влез во земјава се чека повеќе од еден час поради зголемен прилив на туристи кои продолжениот велигденски викенд го искористија да престојуваат во Грција.

Извори од грчка страна за дописничката на МИА брифираат дека функционирале четири ленти за излез од Грција, а коментираат дека имало зголемен сообраќај што потсетува на летен период.

Од Авто мото сојузот на Македонија за МИА информираат дека најголемата гужва била во попладневните часови, но дека сега таа е намалена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.