Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретнал со македонската фудбалска легенда, поранешниот фудбалер и тренер на Вардар, како и селектор на националната репрезентација, Андон Дончевски.

Со чичко Дончо пред да замине во Австралија зборувавме за Вардар, за македонскиот фудбал, но и за нашата најголема страст и љубов, Македонија.

 

Човек со неверојатен дух и енергија. Додека разговаравме застана и ми рече, врзи си го ова синко во крпче сега што ќе ти го кажам, нема назад, нема попуштање, таква ти била судбината, тишина, молк…

 

Го погледнав и му одговорив, а каде поназад од ова…, се поздравивме и закажавме следна средба во ослободена Македонија, напиша Мицкоски за средбата со Дончевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.