Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен објави дека Босна и Херцеговина ги исполнува условите да ги почне преговорите со ЕУ.

Со тоа се зголеми бројката на земји кои почнаа или ќе почнат преговори пред Македонија, а некои не беа ни држави кои ние добивме кандидатски статус.

Тоа е случајот со Црна Гора која сега е длабоко навлезена во преговорите а во 2005 година кога Македонија доби кандидатски статус беше во заедница со Србија.И Србија ги започна преговорите и има отворено неколку поглавја, но тие се блокирани поради прашањето со Косово.

Босна и Херцеговина според сите извештаи важи за нефункционална држава и е практично протекторат на чело во висок претставник.

Земјата е длабоко поделена помеѓу Федерацијата и Република Српска.Првиот човек на Република Српска Милорад Додик постојано се заканува дека ќе организира референдум за самостојност поради кршењете на Дејтонскиот договор.

На минатиот самит на ЕУ преговори добија и Украина и Молдавија. Овие две поранешни советски републики излегоа во преден план со војната во Украина.Војната трае веќе две години, со последната офанзива Русија завзеде голем дел од територијата на истокот на земјата, a претходно и Крим.

ЕУ се нема изјаснето ако некогаш ја прими Украина во кои граници ќе биде тоа?

Слична е состојбата и со Молдавија.Оваа државичка не контролира 30 проценти од својата територија.Регионот Приднестровје е практично држава во држава со најголемата руска база надвор од Русија со околу 1500 војници.

Дали кога Молдавија ќе влезе во ЕУ ќе ја прими и руската база на својата територија?

Се разбира дека ниту Молдавија ниту Украина некогаш ќе станат членки на ЕУ, но ова треба да биде поука за Македонија дека кога ЕУ сака со некого да почне преговори тоа ќе го направи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.