Владата одредува каде снимателите ќе снимаат за време на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а новинарите не можат да го следат чествувањето во кругот на црквата, туку стојат надвор пред платото, пренесува „Макфакс“, од каде додаваат дека наместо да најдат решение, владини службеници се расправаат со новинарите.
Владините службеници, кога снимателите бараа да останат пред платото, им кажаа дека тоа не е дозволено и дека мора да бидат внатре бидејќи настанот се одвива во црквата. На новинарите кои сакаа да влезат внатре им беше укажано дека тоа не е дозволено и дека ќе стојат надвор.
Видео тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.