Градоначалникот на Тетово и претседател на партијата Движење Беса, Биљал Касами гласаше на вонредните избори за членови на Советот на општината на гласачко место во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Тој во изјава за медимите потоа истакна дека со ова гласање за Совет е можност граѓаните да изберат развој на градот.
Граѓаните да гласаат за претставници во градскиот совет кои ќе работат заедно со мене како градоначалник за развојни проекти за поразвиено Тетово, за Тетово со подобра патна инфраструктура за почист град, за посигурен град, за побезбеден град за градот кој ќе има развиено образование, развиени културни активности, развиен спорт, развиени проекти кои ќе овозможат нашите млади да останата тука и да не одат по белиот свет. Затоа ги повикувам сите граѓани да излезат да гласаат за тие опции за кои ќе мислат, но опции кои сигурно ќе им гарантираат посветла иднина, изјави Касами.
Според него Движење Беса може да има мнозинство во Советот.
Според целокупната кампања и текот на кампањата, ние очекуваме тоа што е наша цел да имаме повеќе од 16 советници, е можно да се постигне затоа што едино ние како политичка партија направивме класична кампања со локални собири каде одзивот беше голем и единстевена партија која направи завршен митинг во центарот на Тетово кој беше масовно посетен од граѓаните. Затоа очекуваме дека денеска на крајот на денот ние ќе славиме мнозинство во Советот на Општина Тетово, рече Касами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.