Заврши гласањето за градоначалници во Центар Жупа, во Маврово-Ростуше како и за Советот во Општина Тетово.

Партиите нормално со очекување дека ќе ја добијат поддршката на граѓаните. Актуелниот градоначалник на Тетово Биљал Касами очекува мнозинство во Советот.

Според целокупната кампања и текот на кампањата, ние очекуваме тоа што е наша цел да имаме повеќе од 16 советници, е можно да се постигне затоа што едино ние како политичка партија направивме класична кампања со локални собири каде одзивот беше голем и единстевена партија која направи завршен митинг во центарот на Тетово кој беше масовно посетен од граѓаните. Затоа очекуваме дека денеска на крајот на денот ние ќе славиме мнозинство во Советот на Општина Тетово, рече Касами.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека на граѓаните им ветиле функционална општина Тетово која што ќе ги решава проблемите на луѓето.

Им ветивме совет кој што ќе го поддржува градоначалникот и неговите проекти и идеи, така што мислам дека кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери ја одработија наиде на добар прием кај луѓето, вели Владимир Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во денешното вклучување во централниот дневник на ТВ Сител.

Веќе дооаѓаат и првите резултатит.Општина Центар Жупа, конечно избра градоначалник, откако  на денешните по втропат повторени изборибеше обезбеден потребниот цензус од една третина од вкупното гласачко тело. 

Тоа е Аријан Ибрам предложен од Турската демократска партија, кој беше единствен кандидат, кому ова му е трет мандат. Првпат беше избран на изборите во 2013 а реизбран во 2017 година. 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.