Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма истакна дека пописот е целосно успешен и спроведен согласно стандардите на Евростат, што е потврдено и од ЕУ.

Факт е изјавата на портпаролката на Европската унија, која многу јасно и прецизно вели дека методотологијата и законот, врз чија основа е спроведен пописот е согласно Евростат и тоа е нешто што го потврдува она што ние уште при ноесење на законот го говоревме, иако за жал од говорницата во Собранието се изнесуваа ставови дека тоа не е така, a сега стигна потврда од ЕУ, нагласи Калеска Ванчева.

Таа додаде дека сега се објавени првичните резултаи од пописот од страна на Државниот завод за статистика, потоа следи анализа на сите резултати и тоа треба да биде предмет на експерската и научната јавност, а не на политичарите.

Мора да разбереме дека ова е огромна важност статистичка операција, која секоја држава на секои 10 години, според меѓународните правила и стандарди ја спроведува за добивање на релевантни статистички податоци, кои низ научно докажана и утврдена методологија и анализа на тие податоци треба да дадат правци за проекција на развојот, нагласи Калеска Ванчева.

Таа истакна дека забелешките на резултатите од пописот само покажуваат дека нашето општество е премногу исполитизирано.

Очигледно е дека сите политички чинители во изминатите 30 години на ваков или онаков начин некако придонеле оваа најсложена и најпотребна статистичка операција, биде анализирана речиси исклучиво низ политички аспект, што е недозволиво и сега наместо да се соочиме со факти како да да го проектираме развојот, иднината на нашата држава, ние одиме со нешто што се вика политизирање, за некои дневно политички цели, рече Калеска Ванчева.

Пописот е завршен, негово отварање сега и вметнување на податоци е кривично дело, а трагично беше што ние 20 години немавме попис, ако имавме попис пред 10 години како што се налага, многу порано ќе ги знаевме вистинските состојби и ќе знаевме во кој правец треба да ги насочуваме реалните политики, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.